На 15 јуни 2026 година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје, се одржа конкурсниот приемен испит, за прием на богослови во учебната 2026 / 2027 година. Испитот успешно го положија вкупно 17 кандидати.
„На примените ученици им посакуваме топло добредојде во Богословијата и благословено и успешно растење во мерата на Христовата наука“ – се вели во известувањето од Богословијата.




