Опело за новоупокоениот протојереј Петар Ампов од Кочани

На 17 декември 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши опело над новоупокоениот протојереј Петар Ампов од Кочани, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани.

Протојерејот Петар Ампов е роден 1971 година од благочестиво семејство во Кочани. Основно и средно образование завршува во родното место, а во 2000 година дипломира на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во ѓаконски чин е ракоположен на 07.04.2002 година, а во свештенички чин е ракоположен на 12.07.2002 година во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Поставен е за парох на Истибањската парохија, се до 2007 година, кога е поставен за парохиски свештеник при храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Во чин протојереј е произведен на 12.07.2021 година во Кочани од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

На 16.12.2024 година се упокои во Господа.

Нека му е блажен и вечен споменот и семилостивиот Бог да му дарува царство небесно.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/