Опело за пензионираниот протојереј Владимир Димитров од Кочани

На 8 септември 2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши опело над новоупокоениот раб Божји, пензионираниот протоереј Владимир Димитров од Кочани, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Православна Епархија, во храмот “Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани.

Протоерејот Владимир Димитров е роден 16.04.1944 година од благочестиви родители во с. Плешанци, пробиштипско. Како дете завршува општо образование за подоцна да се запише на Богословската школа каде и завршува. Во ѓаконски чин е ракоположен на 02.11.1969 година, додека на 05.11.1969 година во свештенички чин од тогашниот Митрополит г. Наум. За негова прва парохија како свештеник му се доделува во Радовиш -1969, а подоцна, во 1970 година, ќе биде преместен во Дојран. Истата година ќе биде преместен и во Ново село – струмичко. По неколку години пак ќе биде вратен во неговиот роден крај да му служи на Господа во с. Тркање и с. Облешево. Па потоа во 1986 ќе биде поставен како парох во храмот „Св. Вмч. Георгиј” во Кочани па се до неговото пензионирање до 2008 година. Во Господа се упокои на 07.09.2024 година.

Вечнаја памјат и царство небесно да му дарува Семилостивиот Бог.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/