Освет на храм и света архијерејска Литургија во Штип

На 11 мај 2025 година, четврта недела по Воскресение, на Раслабениот, кога се празнува споменот на светите апостоли Јасон и Сосипатар и светата маченичка Керкира, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на храмот посветен на свети Иларион Мегленски и свети Нектариј Егински во населбата Железничка, во Штип и отслужи света архијерејска Литургија.

Надлежниот епархиски архијереј, Митрополитот Иларион, пред почетокот на чинот на осветување на храмот ја донесе иконата на светиот Нектариј Егински Чудотворец, изработена од рацете на монахињите при манастирот „Св. Нектариј Егински“ во Егина, каде што самиот беше на поклоничко патување неодамна. Иконата ќе биде постојано во храмот и сите верници кои сакаат да се поклонат и помолат пред иконата на светиот Нектариј Егински се добредојдени.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот Иларион одржа пригодна беседа.

Нека е честито и од Бога благословено! Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/