Освет на храм и света архијерејска Литургија во с. Ерџелија

На 24 мај 2025 година, сабота од Недела 5-та на Воскресение (на Самарјанката), кога се празнува споменот на светите рамноапостоли Кирил и Методиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на храмот посветен на светиот апостол Павле во с. Ерџелија, светиниколско и отслужи света архијерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено! Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/