На 30 мај 2026 година, кога се празнува споменот на светите Андроник и Јунија, и на свештеномаченикот Солохон, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион извршија освет на камен темелник за изградба на нов храм посветен на светиот великомаченик Пантелејмон во населбата Суитлак, во Штип.
Храмот ќе биде ктиторско дело на г. Сашо Хиљадников и неговото семејство од Штип. „Нека е честито и од Бога благословено!“ – известува Брегалничката епархија.






















