Освет на параклис и Света Архиерејска Литургија во с. Соколарци

На 4 мај 2025 година, Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Св. вмч-ка Недела” во с. Соколарци, кочанско, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Параклисот е ктиторско дело на г. Марјан Динов, г. Душко Динев, г. Ванчо Динев и г. Ласте Јанковски со нивните семејства.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено!

Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/