На 10 мај 2025 година, сабота од 3-та недела по Воскресение (на Мироносиците), кога се празнува споменот на св. ап. Симеон брат Господов и преп. Јован Исповедник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на параклисот посветен на св. вмч-ка Злата Мегленска при женскиот манастир „Пресвета Богородица – Животоносен извор“ во Марена, с. Злетово, и отслужи света архиерејска Литургија. Параклисот е ктиторско дело на г. Чедо Петров со неговото семејство.
На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено!
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!





































