На ден 26.10.2025 Лето Господово, во кавадаречкото село Манастирец, се изврши осветување на црквата „Свети Никола“. Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а потоа ја отслужи и првата Божествена Литургија во него.
Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни верници од селото Манастирец, околните села, како и од Кавадарци. Митрополитот Агатангел во оваа прилика им додели благодарници на сите оние кои ја помогнаа изградбата на овој храм.































Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3200&Itemid=32
