Во деновите од 12.09 до 14.09.2024 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на покана од Епископот Бихачко-петровачки г. Сергеј, присуствуваше на прославата по повод 580 години постоењето на манастирот во Рмањ во Босна и Херцеговина и сослужуваше на осветувањето на манастирскиот храм посветен на Св. Николај и на манастирските конаци, и на Светата архијерејска Литургија, со кои чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, а сослужуваа повеќе архијереи и свештенослужители на Српската православна црква, во присуство на многуброен верен народ.