Осветување конаци во манастирот „Св. Василиј Велики“ во с. Трстеник – Крушевско

На 9 мај / 26 април, денот кога се празнува споменот на светиот Василиј Амасиски, а кога е осветена црквата посветена на свети Василиј Велики, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, служеше и проповедаше во манастирот „Св. Василиј Велики“ кој е подигнат на местото на разрушената селска црква во село Трстеник кое е запалено и потполно уништено од Турците во 19-тиот век.

Селото денес нема ниту еден жител и ниту една куќа, а постои само манастирот да го сведочи незаборавот. По Литургијата, Неговото Високопреосвештенство, Митрополит крушевски и демирхисарски ги освети новоизградените конаци на манастирот во кои само пред неколку месеци беше донесена електрична енергија.

Извор: https://krushdem.org/2025/05/09/osvetuvanje-konaci-vo-manastirot-sv-vasilij-veliki-s-trstenik/