На 3 мај 2026 година, во Неделата на Раслабениот, кога светата Православна Црква ги празнува светите божји угодници: преподобен Теодор Трихин и свети Николај Охридски и Жички, беше осветена црквата „Свети Пророк и Претеча Јован Крстител“ во село Ѕвегор, општина Делчево.
Чинот на осветување го изврши епископот Делчевско-каменички г. Марко заедно со свештениците од својата епархија и со клирици-гости: архимандрит Антим и јеромонах Стилијан од Видинската епархија и свештеници од Неврокопската епархија на Бугарската Православна Црква. На чинот на осветување и на светата Литургија присутвуваа и монахињите како од Клисурскиот манастир во Бугарија, игуманијата Таисија со сестрите. На богослужбата имаше и верници од повеќе краишта на соседна Србија, а исто така и од повеќе краишта на Бугарија.
На крајот од Литургијата Епископот Марко се заблагодари на ктиторот Делче Гошев со фамилијата и сите кои помогнале за несебичното дарување, пожртвуваност и ревност за изградба на светиот храм како долговечен спомен за идните генерации. Исто така Епископот г. Марко на крајот од Литургијата им се заблагодари на сите присутни кои беа дошле на овој велелепен настан.




























