На 2 јуни 2024 година, во неделата на Самарјанката, се изврши осветување на новоизградена црква, посветена на светиот великомаченик Димитриј, во селото Ново Конско, покрај Гевгелија. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија.
По осветувањето на црквата, беше отслужена и Света Божествена Литургија.
Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3022&Itemid=32