Денеска, кога Црквата го празнува споменот на Света Марија Магдалена, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков го освети храмот „Свето Вознесение Христово“ во Владимирово и отслужи Света Божествена Литургија.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На свеченоста присуствуваа и градоначалникот на Берово Звонко Пекевски и државниот советник во Министерството за транспорт, Димитар Димовски.