На 3 ноември 2024 година, 19-та недела по Педесетница, кога Црквата врши спомен на светиот Иларион Мегленски, преподобниот Иларион Велики и преподобниот Филотеј, беше осветен новоизградениот храм посветен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, во Ново Село, Штип.
На светата архијерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство господинот и отец наш г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков.
Храмот е ктиторско дело на г. Сашо Мијалков, г. Владимир Мијалков и нивните семејства од Скопје.
На крајот од Светата Литургија, Неговото Блаженство г.г. Стефан одржа пригодна беседа, а ктиторите г. Сашо Мијалков и г. Владимир Мијалков беа одликувани со орден „Св. Николај“ од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Нека е честито и од Бога благословено!