На 26 октомври 2025 година, 20-та недела по Педесетница, на денот кога се празнува споменот на св. нмч-чка Злата Мегленска и св. мч-ци Карп и Папила; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион го освети храмот посветен на светиот великомаченик Георгиј во с. Блатец, Виничко, и отслужи света Архиерејска Литургија во овој храм, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија.
На крајот од светата Литургија, Митрополитот Иларион одржа пригодна беседа и го одликуваше г. Тодор Голубов од с. Блатец со орден „Св. Николај“ поради сесрдното залагање и помагање во изградбата на храмот, а потоа го благослови и пресече празничниот леб.
Нека е честито и од Бога благословено!


































