На 12-ти октомври, во 18-тата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Крушевски и Демирхисарски г. Јован го освети храмот посветен на Светите рамноапостолни Константин и Елена во село Вардино, Демирхисарско. Претходната вечер Неговото Високопреосвештенство ги донесе светите мошти на Вечерната богослужба и присуствуваше на истата.
Во продолжение ја пренесуваме беседата изречена од Митрополитот Јован во оваа прилика.




