На 14.07.2024 година, третата недела по Педесетница, кога се празнуваат светите бесребреници Козма и Дамјан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново.
На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот Иларион одржа пригодна беседа, а по завршувањето на Светата Литургија, беше извршено осветување на камен-темелник за изградба на нов храм Божји посветен токму на светите бесребреници Козма и Дамјан, во Лесново, на местото каде што во минатото постоел храм и бил метох на Лесновскиот манастир, и кој бил еден од дваесетте метоси кои постоеле во Лесновската област. Нека е честито и од Бога благословено!


















