На 4 август 2024 година, во Шестата недела по Педесeтница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Раѓањето на Пресвета Богородица, во Ранковце. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј изврши осветување на Крст во општина Ранковце. Крстот е изграден со средства од месното население на општина Ранковце.