На 23 август 2026 година, во манастирскиот храм ,,Успение на Пресвета Богородица” во с. Галате, Гостиварско, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф изврши осветување на куполниот нов крст и камбана за храмот.
Митрополитот Јосиф му се заблагодари на црковниот одбор за нивната грижа, љубов и ревност во обнова на овој манастир и, меѓу другото истакна:
Браќа и сестри,
Денес, неколку дена пред Успението на Богомајката, село Галате доживува голема духовна радост со осветувањето на новиот куполен крст и камбана за овој велелепен храм „Успение на Пресвета Богородица“.
Новиот крст на куполата е свештен знак на Христовата победа и светилник што од височината ќе нѐ потсетува на Божјата љубов и закрила. Тој нѐ поучува дека патот до спасението води преку љубовта, жртвата и верата.
Новата камбана, пак, со своето ѕвоно ќе нѐ повикува во домот Господов и на заедничка молитва. Нејзиниот звук ќе нѐ собира во радостите и ќе нѐ утешува во искушенијата. Таа ќе биде духовен будилник за нашите души, за никогаш да не ги заборавиме Бога и вечните вредности.
Носејќи ги во вашата душа тие вредности, ова светилиште е изградено со големата ваша љубов и помош. Бог по молитвите на Неговата Пречиста Мајка Богородица нека ги благослови сите ктитори и дарители на овој прекрасен манастир. Нека новиот крст го штити Галате, а ѕвонот на камбаната нека носи мир и благосостојба во секое семејство.
Амин!





