На 14 јуни 2026 година, во втората недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот маченик Јустин Философ, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на светиот пророк Илија во с. Дедино, општина Конче, а потоа отслужи света архијерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото архијерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.






























