Осветување на нов храм во с. Стар Караорман, Штипско

На 20 октомври 2024 година, 17-та недела по Педесетница, на денот кога се празнува споменот на светите маченици Сергиј и Вакх и на светиот маченик Полихрониј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на свети Наум Охридски во с. Стар Караорман, Штипско.

По осветувањето Митрополитот отслужи и Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија. За време на Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион во чин протоѓакон го произведе ѓаконот Миле Тошев од Стар Караорман.

На крајот од Светата Литургија, Митрополитот одржа пригодна беседа и им се заблагодари на сите кои што помогнаа во изградбата на велелепниот храм. Нека е честито и од Бога благословено!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/