Осветување на новоизградениот храм посветен на Светиот Спиридон Чудотворец

На 1 август 2024 лето Господово, на денот кога се празнува споменот на: преп. Макрина, св. Стефан Деспот Српски, преп. Евгенија и преп. Диј Антиохиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужување со свештенослужителите од Штипското архијерејско намесништво, го освети новоизградениот храм посветен на Свети Спиридон Тримитунтски – Чудотворец.

Храмот е изграден на местото наречено Црквиште, на планината Плачковица, близу Штип, на надморска висина од 1680 метри, и е ктиторско дело на богољубивите г. Трајче Алексов и г. Александар Санев со нивните семејства, за Слава на Бога и за духовни потреби на богољубивиот народ наш православен.

Нека е честито и од Бога благословено, благодарност до ктиторите и градителите и на сите кои што го примаат со радост овој храм. На многаја лета!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/