На 12 јули 2026 година, кога светата Православна Црква го прославува споменот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши осветување на новопоставениот крст во близина на местото каде што се случи големата несреќа и трагедија во Кочани на 16 март 2025 година.
Крстот е поставен во спомен на настраданите во трагедијата и како симбол на победата над смртта и злото, но и како траен потсетник на болката која ја доживеа Кочани.
Митрополитот Иларион изврши и помен за покој на душите на сите настрадани во пожарот во Кочани, а во присуство на семејствата на настраданите, броен верен народ и Градоначалникот на општина Кочани г. Владко Грозданов. Митрополитот упати и молитви за здравје и закрепнување на повредените и за сила на семејствата на настраданите.




