Отец Игор Калпаковски: секој може и треба да биде свет

„Класичните отци на Црквата зборуваат за натпреварување во светоста. Значи, можам да речам дека измислувале начини како да живеат со посвет живот, се натпреварувале со претходникот како да живеат посвет живот“ – истакна, помеѓу останатото, свештеникот Игор Калпаковски од Скопската епархија, во своето гостување во емисијата „Попкаст со Мартин Богатиноски“, на „Слободен печат“.

Запрашан дали е тоа можно да се направи денес и тука, или пак е можно само во други времиња и само во испоснички услови, отец Игор категорично изјави: „Ви зборувам за секојдневно живеење, дека тоа човекот треба и може да го прави.“

„Дај Боже Македонија да биде земја во која ќе се натпреваруваме во светоста, а не да се натпреваруваме во нешто што нема долго траење и нема посебно значење за нас“ – истакна тој. „Да се изненадуваме едни од други во позитивна смисла, а не во негативна смисла (што е многу лесно и не е ниту инвентивно)“ – го заврши своето гостување отец Игор.

Целиот разговор, објавен на 12 октомври 2026 година, во којшто беа опфатени и мноштво други теми, може да се проследи на следната видео снимка.