Отец Иринеј гостин во „Попкаст“ на „Слободен Печат“

Архимандритот Иринеј (Стефановски) од Скопската епархија гостуваше во емисијата на „Попкаст со Мартин Богатиноски“, поткастот на „Слободен Печат“, емитувана на 8 јуни 2026 година.

Во гостувањето, помеѓу останатото, тој зборуваше за работата на интернет страницата „Денови.мк“ како и на порталот „Литургија.мк“. Тема на разговор беа и предизвиците на современото живеење за православните христијани и вештачката интелигенција.

Понатаму, стана збор и за читањето на Светото Писмо на Новиот Завет и за потребата притоа да се читаат и светоотечки толкувања на Евангелието, односно на Новиот Завет.

„Во денешно време, кога сите сме писмени, а Евангелието е достапно за симболична сума, дури се дели и бесплатно, е незамисливо, дури би било и грев, човек што е православен крстен христијанин, да не го чита Новиот Завет… Господ дојде на земјава, поучуваше и делаше, а ние не сакаме да знаеме што Тој зборуваше, што Тој правеше?“ – забележа отец Иринеј.

„Значи, задолжително е да се чита дома Новиот Завет… во поуката за верата читаме дека сме должни секојдневно да го читаме Евангелието и да читаме и некакво толкување“ – нагласи отец Иринеј, цитирајќи го православниот катихизис.

Целата емисија може да се погледне на следната видео снимка.

Попкаст со Мартин Богатиноски | Отец Иринеј: Крстот не е знак на удопство, туку на страдањеПопкаст со Мартин Богатиноски | Отец Иринеј: Крстот не е знак на удопство, туку на страдање