Отец Јани Мулев гостин во поткаст на „Слободен Печат“

Во поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен печат“, во емисијата објавена на 15 декември 2025 година гостуваше свештеникот Јани Мулев од Повардарската епархија. Отец Јани служи во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. Тој го раководи интернет сајтот „Ортодоксија и ортопраксија“ (crkvaveles.mk и crkvaveles.wordpress.com), активно преведува духовна литература од англиски, грчки, руски и црковнословенски на македонски јазик и е дел од уредувачкиот одбор на „Православна светлина“, списанието на Повардарската епархија.

Во емисијата отец Јани зборува за различни духовни теми за современите предизвици со кои се соочуваат православните во Македонија денес.

Емисијата во целост може да се погледне на следната видео снимка.

Попкаст со Мартин Богатиноски | Отец Јани: Со одење по бајачи си го внесувате ѓаволот во куќатаПопкаст со Мартин Богатиноски | Отец Јани: Со одење по бајачи си го внесувате ѓаволот во куќата