Отец Оливер Петровски гостин во поткастот на „Слободен Печат“

Протопрезвитерот Оливер Петровски, од Скопската епархија, кој е претседател на хуманитарната организација „Свети Спас“ гостуваше во поткастот на „Слободен Печат“ насловен „Попкаст со Мартин Богатиноски“. Во програмата која беше емитувана на 24 ноември 2025 година, о. Оливер зборуваше за дејноста и начинот на функционирање на хуманитарната организација. Покрај тоа, се осврна и на други теми од црковниот живот – постот и учеството во богослужбениот живот на Црквата, како и за некои во народот распространети заблуди, како верувањето во хороскоп и други суеверија.

Опфатени беа и други актуелни прашања, а целата емисија може да се погледне на следното видео.

Попкаст со Мартин Богатиноски | Отец Оливер: Не постои похуман народ од македонскиотПопкаст со Мартин Богатиноски | Отец Оливер: Не постои похуман народ од македонскиот