Отфрлени родовите термини од законите за основно образование и за учебници

Фала му на Бога, конечно здраворазумни решенија.

Со оглед на тоа дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија има заземено јавен, официјален и сосема отворен став против родовата идеологија, интерпретирана преку т.н. концепт за „родова еднаквост“, чиешто грдо лице можевме да го видиме преку истоимениот предлог-закон, не можеме, а да не го поздравиме сето она што се случуваше вчера во Собранието на Република Македонија. Имено, вчера се направија клучни измени во:

  1.  Законите за учебници за основно и средно образование;
  2.  Законот за основно образование.

Измените подразбираат целосно исфрлање на родовата терминологија и спречување да се користат перфидните механизми коишто ги содржеа овие закони за индоктринација на децата со перверзни и антинаучни идеологии, како и нивна рана сексуализација.

Измените ги предложија група пратеници и тоа: Антонијо Милошоски, Ели Панова, Драган Ковачки, Петар Марков, Малиша Станковиќ, Бране Петрушевски, Грација Бакраческа, Емилија Ангелова, Моника Трајанова, Бојан Стојаноски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Каролина Несковска и Тони Јаревски.

За измените гласаа:

  • 65 пратеници ЗА
  • 8 пратеници ПРОТИВ

Ако ја занемариме оваа бројка од 8 пратеници, сосема логично е конечно да констатираме дека има принципиелни и одговорни политичари во Македонија, кои „не ги свиткаа колената пред Ваал“ (3. Цар. 18), читај, Сорос, туку им служат на граѓаните и на прво место им е иднината и безбедноста на нашите идни генерации.

За Православната Црква има црвени линии детерминирани од евангелските принципи, предадени од Самиот Господ и Спасител наш Исус Христос, на кои таа мора да стои неотстапно и по секоја цена, па дури и на животот. Оваа дехуманизирачка идеологија е токму таква, античовечка и антицрковна.

Во прилог:

  1. „Ако опстоиме – ќе постоиме“ – Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција – 29 јуни 2023 година [1] [2]
  2. Предлагачи на Предлог- законот за изменување на законот за основно образование со кој се отфрли родовата идеологија од образовниот процес [3]
  3. Одлука на САС на МПЦ ОА за организирање сенароден собир против носење на спорните закони „Ако опстоиме – ќе постоиме“ – Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција – 29 јуни 2023 година [4]
  4. Заедничко соопштение на поглаварите на МПЦ-ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ против закони со кои би се прифатила родовата идеологија [5][6]

Извор: https://www.facebook.com/share/p/15xanzBZe9/