Отворени предавања на Православниот богословски факултет во Скопје

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје организира отворени предавања кои ќе се одржат на 25.02.2025 (вторник), со почеток во 12.00 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“.

Во рамките на настанот, вон. проф. д-р Даниела Тошева-Николовска ќе одржи предавање на тема: „Бракот и семејната динамика во антиката“, а доц. д-р Илче Мицевски-Игнат ќе одржи предавање на тема: „Бракот и Црквата. Развојот на формата на христијанскиот брак“.

„Овој настан е одлична можност за стекнување нови знаења и размислување за историските и религиозните аспекти на брачните односи, како и за односот помеѓу традицијата и современите предизвици. Ви се претставува платформа за дијалог и размислување, каде што експертите ќе ги споделат своите научни согледувања и искуства. Ве покануваме да се придружите на настанот и да бидете дел од оживената дискусија“ – се вели во известувањето од факултетот.

Извор: https://pbf.edu.mk/отворени-предавања-на-православниот/