Пакети со храна поделени на социјално загрозени семејства во Охрид

Со благослов на Архиепископот Охридски  и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Георгиј, денес во дворот на храмот Света Богородица Перивлепта, во Охрид, во соработка со хуманитарната организација на Скопската Епархија при МПЦ-ОА, „Свети Спас“, беа поделени 29 пакети со храна и хигиенски средства на социјално загрозени семејства од Охрид.

Митрополитот Георгиј исто така им подели примероци од книгата „Библиски приказни за деца“ на најмладите.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1CQjodUfFS/