Панихида по повод 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

На 15 јуни 2026 година, денот кога се одбележуваат 40 години од упокојувањето на вториот Поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – Архиепископот Охридски и Македонски Ангелариј, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Помен на гробот на блаженоупокоениот Архиепископ, покрај апсидата на храмот „Св. Димитриј“ во Скопје.

На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Брегалнички г. Иларион и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со бројни свештенослужители.

На Поменот присуствуваа: претседателот на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, вицепремиерот г. Љупчо Димовски, министерот за култура и туризам г. Зоран Љутков, директорката на комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, неговото превозвишенство бискупот Скопски монсињор Киро Стојанов, претставници на Исламската верска заедница, како и бројни претставници на образовните институции.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/panihida-angelarij-2026/