Парастос за настраданите во Кочани и посета на Лесновскиот манастир

На 31 октомври 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Осечкопољски и барањски г. Херувим од Српската Православна Црква, отслужи општ парастос за покој на душите на настраданите во пожарот во Кочани и за сите упокоени, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани.

Потоа Епископот г. Херувим со своите сопатници, го посети Лесновскиот манастир, каде срдечно беше пречекан од Митрополитот Иларион и братството на манастирот.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/