Петти Акатист на Пресвета Богородица, исповед на свештенството и изборно епархиско собрание на АКМПЕ, во катедралниот храм „Раѓање на Пресвета Богородица“

Известува: о. Горан Трпчевски

На 5 април 2025 година, со благослов од надлежниот Епархиски Архиереј на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, Митрополитот Методиј, во Катедралниот храм на Епархијата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтц, САД, пред Чудотворната икона на Мајката Божја (Иверска од Хаваи), свештенството од нашата Епархија, го отслужи петтиот Акатист на Пресвета Богородица, по што се изврши и светата тајна Исповед на свештенството.

Следниот ден, на 6 април 2025, во просториите на Црквата, се одржа и изборното годишно Епархиско собрание, со присуство на свештенството и делегатите од Америка и Канада, на кое се избраа нови управни органи и се поднесоа Извештаи за работата на Епархијата. Домаќините на 51-то Собрание на Епархијата, кое ќе се одржи од 29 август до 1 септември во МПЦ „Св. Кирил и Методиј“ од Њу Џерси, ги информираа присутните на Собранието, за подготовките кои се во тек, за што поуспешно Собрание.