Ваше Блаженство,
Ваши Високопреосвештенства,
Ваши ПреосвештенстваКако Митрополит на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Американско-канадската епархија, примете го моето искрено сочувство за огромната загуба, за смртта на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Митрополитот г. Тимотеј го заслужува авторитетот што го има во својата татковина, како и во странство исклучиво преку своите дела.
Неговите главни напори беа унапредување на највисоките духовни вредности, но и на зајакнување на единството во целиот православен свет.
Be молам, пренесете сочувство и зборови на поддршка на целото свештенство во богомдаруваната му епархија, како и на целиот македонски народ.
Бог да го прости и да му дарува царство Небесно!
Митрополит на АКМПЕ
Господин Методиј