Писмо со сочувство од Митрополитот Тверски и Кашински на Руската правосславна црква

До Неговото Блаженство, 
Блаженејшиот Стефан, 
Архиепископ Охридски и Македонски, 
Митрополит Скопски

Ваше Блаженство!

Со длабока тага ја примив веста за земното упокојување на митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, извонреден јерарх на Македонската Православна Црква. Во моето срце останаа најтоплите спомени од нашите средби со владиката Тимотеј за време на моите посети на Македонија, кога бев ректор на Санктпетербуршката духовна академија. Во добрата меморија останаа неговата искрена љубов кон Христовата Црква, грижата за судбините на Православието, огнената вера и искреноста. 

Знам дека во многу нешта, благодарение на неговите молитви и личниот придонес, како Ваш верен соработник, беше обновено евхаристиското единство со сите Православни Цркви и беше дарувана автокефалијата на Македонската Православна Црква. 

Господ Исус Христос, Воскресението и Животот (Јован 11, 25), да ја упокои душата на новопочинатиот архипастир во населените места на праведниците, каде што нема ни болка, ни тага, ни воздишки, туку живот бесконечен. 

Вечен и светол спомен за него нека пребива во срцата на сите што го познаваа и го сакаа. 

Просам за молитвите на Вашето Блаженство. 

Со молитви за новопочинатиот митрополит Тимотеј и со сочувство, 

Митрополит Тверски и Кашински
Амвросиј