До: Неговото Блаженство
Господинот Стефан
Архиепископ Охридски и Македонски
СкопјеВаше Блаженство,
Ја примивме веста за неочекуваното упокојување на Високопреосвештениот Митрополит Тимотеј. Со тага во срцето сакаме да Ви изразиме искрено сочувство поради упокојувањето на Вашиот и наш брат и сослужител.
Блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј ќе го паметиме како голем ревнител во својата архипастирска служба, а во сеќавањата на Црквата нема да остане заборавен како човек кој даде немерлив придонес во обновата на нашето единство.
Вечна му памет и Царство Небесно!
На Вашето Блаженство, во Христовата љубов, брат и сослужител,
Митрополит
Зворничко-тузлански
Фотиј