Неговата Светост Патријархот Бугарски г.г. Даниил испрати писмо со сочувство до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Во писмото пишува:
До
Неговото Блаженство
Северно-Македонскиот
Архиепископ Стефан
СкопјеВаше Блаженство,
Со длабока болка и скрб ја примивме тажната вест за упокојувањето во Господа на скапоцениот во нашите срца, нашиот љубен собрат Дебарско-Кичевскиот митрополит Тимотеј. Ќе го помниме како извонреден архијереј и добар пријател на светата Бугарска православна црква, која оваа година тој ја удостои со своето присуство, како на опелото на блаженоупокоениот наш претходник, Бугарски патријарх и Софиски митрополит Неофит, така и при изборот и интронизација на нашата смиреност при крајот на месец јуни. Ќе го паметиме и по неговото благочестие и посветеност на делото и мисијата на светата Христова црква, на која тој ѝ го посвети целиот свој живот.
Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за оваа привремена разделба со нашиот упокоен собрат!
Усрдно го молиме Себлагиот Бог, Кој „не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи“ (Лука 20, 38), да го упокои Својот верен слуга, новопреставениот владика Тимотеј, да му го прости, како Благ и Човекољубец, секое волно и неволно прегрешение и да го прими во лоното на праведниците – таму каде што грее светлината на Божјото лице.
Господ да го прости и упокои во Своето Царство Високопреосвештениот Дебарско-кичевски митрополит Тимотеј, дарувајќи го му Своето вечно спасение, а нас да нè помилува!
Го прегрнуваме Ваше Блаженство со братска љубов во Христа.
+ Даниил
Патријарх БугарскиСофија, 26.11.2024