Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Силуан од Српската православна црква, на 27 ноември 2024 година испрати писмо со сочувство за упокојувањето на Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, до Епархискиот управен одбор на Австралиско-сиднејската епархија на Македонската православна црква. Во продолжение писмото го пренесуваме во целост.
Со жалост, но и со христијанска надеж за вечен живот по дарот на Оној Кој е Живот, Вистина, а истовремено и нашата земна патека кон Него во Небесното Царство, ја примивме веста за упокојувањето на нашиот драг во Христа брат и сослужител, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Неговото израснување во верата од детската возраст, во обемно христијанско семејство, вистинското осветување на образот на побожноста преку богословско образование, понатамошната широката архипастирска дејност и проповед, најдобро сведочат за неговата благородна и богокопнежна личност.
Заедно со многубројните верници и нивната видлива христијанска радосна тага, Му се молиме на Господа, во Чии раце е духот, односно душата и животот наш, да му дарува вечен покој на митрополитот Тимотеј во небесните населби. Изразуваме вистинско сочувство до поглаварот на Македонската Православна Црква Архиепископот Охридски и Македонски и до сите верници на Македонската Православна Црква во Австралија и во татковината.
Митрополит Австралијско-новозеландски
Силуан
Извор: https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/телеграма-со-сочувство-по-повод-упоко/