На 30 јануари 2024, во катедралниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана беа отслужени Литургија и опело за блаженоупокоениот Архиепископ Тирански и на цела Албанија Анастасиј. На Литургијата началствуваше местобљустителот на архиепископскиот трон Митрополитот Корчански Јован, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Албанската Црква. Молитвено беа присутни делегации од помесните Православни Цркви, меѓу кои беа Патријарсите: Цариградски Вартоломеј, Александриски Теодор, Ерусалимски Теофил, Бугарски Даниил, поглаварите на Кипарската и на Грчката Црква: Архиепископите Георгиј и Јероним. Руската Православна Црква беше претставена од претседателот на Одделот за надворешни црковни врски, Митрополитот Волаколамски Антониј. Исто така, свои претставници имаа и останатите помесни Цркви.
Претставници на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија беа Митрополитите: Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Петар и Брагалнички Иларион.
На опелото началствуваше Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, во сослужение на синодските архијереи на Албанската Црква. По чинот на опелото, Архиепископот Анастасиј беше погребан во криптата на катедралниот храм.
На опелото присуствуваа и премиерите на Албанија и на Грција.


















