На 22 / 9 март 2025 година, кога светата Православна Црква го празнува споменот на светиот Теофилакт Никомидиски, се упокои во Господа долгогодишната игуманија на манастирот „Благовештение Богородично“, во Шумадиската епархија на Српската Православна Црква, високопреподобната монахиња Салафаила.
Во неделата на 23 / 10 март, во манастирот беше отслужена Литургија, а потоа и монашко опело. На богослужбата служеше и игуменот Серафим од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а беше присутно и сестринството од Слепченскиот манастир „Св. Јован Крстител“, кај Демир Хисар.
Игуманијата Салафаила, родена во 1939 година, пристапила во манастирот „Благовештение Богородично“ во 1957 година, каде е замонашена во 1960 година. За игуманија е поставена во 2014 година.
„Господ да ѝ дарува царство небесно на Игуманијата Салафаила која што минатите години, преку 15, силно нѐ љубеше и се молеше за нас пред Христа Господа и Неговата Пречиста Мајка во чиј манастир беше подвигоположник и водач на сестринството“ – објавува сестринството на Слепченскиот манастир.














