Покаен чин за Светата тајна исповед, наменет за свештенослужителите од Скопската епархија

На 27 февруари 2026 година, во првиот петок од Великиот пост, ословен како Чист петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан молитвено присуствуваше на Покајниот чин за Светата тајна исповед, наменет за свештенослужителите од Скопската епархија, а којшто, традиционално, се изврши во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

На крајот од самиот чин, ставрофорниот протојереј Ацо Гиревски произнесе слово во коешто посвети особено внимание на библискиот и на светоотечкиот аспект на покајанието.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/pokaen-cin-2026/