Покаен чин за Светата тајна исповед, наменет за свештенослужителите од Скопската епархија

На 7 март 2025 година, во првиот петок од Великиот пост, ословен како Чист петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан молитвено присуствуваше на Покајниот чин за Светата тајна исповед, наменет за свештенослужителите од Скопската епархија, а којшто, традиционално, се изврши во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје. На крајот од самиот чин, ставрофорниот протојереј, отец Ацо Гиревски произнесе слово во коешто посвети особено внимание на библискиот и на светоотечкиот аспект на покајанието.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/pokaen-cin-2025/