Пишува: Катерина Дафчева
Група верници од Кипар, предводени од Митрополитот Востронски г. Тимотеј, Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар, ја посетија Струмичката православна Епархија.
Гостите беа пречекани од Митрополитот Струмички г. Наум и од викарниот Епископот Стобиски г. Јаков.
За време на посетата верниците од Кипар ги посетија манастирот на Свети Антониј Велики и Свети вмч. Георгиј Победоносец во Ново Село, во манастирот на Свети Леонтиј Струмички и Покров на Пресвета Богородица во Водоча, како и во манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Вељуса.




















