На 14 / 1 јануари, кога се празнува споменот на свети Василиј Велики, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, свештениците на Струмичката Православна Епархија ги посетија пациентите и вработените во Општата болница во Струмица и штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско и им поделија лепчиња со сребрени парички во чест и спомен на чудото што го направил светиот Василиј Велики.







