Известува о. Горан Трпчевски
На 28 април 2024 година, кога Светата Црква го празнува, Славното влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници), со благослов од надлежниот Епархиски Архиереј на Американско-канадската Македонска Православна Епархија, Митрополитот Методиј, во катедралниот храм на епархијата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Стерлинг Хајтц, Детроит, САД, се отслужи Света Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Дарови Христови.
По Светата Литургија, во дворот на црквата се постави и камен-темелник, за изградба на нов параклис, посветен на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, чии мошти се чуваат во овој храм.