На 27 мај 2026 година, во навечерието на празникот посветен на светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново.
За време на вечерната богослужба братот Ристе прими монашки потстриг (мала схима) и го доби името Гаврил, потстригот го изврши Надлежниот Архиереј, Митрополитот Иларион.
На крајот од Празничната вечерна, Митрополитот Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

















