Празнична вечерна богослужба во Књажевац, Србија

На 14 февруари 2025 година, во навечерието на празникот Сретение на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на покана од надлежниот Архијереј на Тимочката епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимочки г. Иларион, а по повод Епархиската слава, сослужуваше на Празничната вечерна со петолебие во храмот „Св. вмч. Георгиј“, во Књажевац, Србија.

После вечерната, Архијереите отслужија парастос за покој на сите починати епископи, свештенослужители, монаси, монахињи, вероучители и верници на Тимочката епархија.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/