Бигорскиот манастир ја прослави својата главна манастирска слава – споменот на отсекувањето на чесната глава на светиот Јован, Претеча и Крстител Господов.
На 11 септември годинава беше отслужена торжествена Божествена Литургија под чиноначалството на митрополитот Дебарско-кичевски, Неговото Високопреосвештенство г. Георгиј, во сослужение со игуменот на манастирот, Епископот Антаниски, Неговото Преосвештенство г. Партениј и со повеќе свештенослужители.
На крајот на Литургијата, митрополитот Георгиј се беседеше со вдахновено слово за маченичкиот подвиг на свети Јован Крстител кое во целост можете да го прочитате тука. По богослужбата тој му се заблагодари на игуменот и на братството за топлиот пречек, истакнувајќи ги своето задоволство што зел учество во оваа манастирска слава. Воедно, тој му го честиташе триесетгодишниот јубилеј на владиката Партениј и притоа му подари архијерејска панагија со иконата на светото Благовештение. Од своја страна, пак, владиката Партениј му се заблагодари на митрополитот за укажаната чест, подарувајќи му од името на монашката заедница комплет архијерејски одежди и митра, специјално подготвени за него од рацете на браќата монаси и сестрите монахињи.





























Извор: https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/slavata-na-chesniot-pretecha/
