Празникот на св. Игнатиј Богоносец прославен во Врање

На 2-ри јануари 2025 година, молитвено се сеќаваме и го прославуваме споменот на свети Игнатиј Богоносец. Истиот ден, по повод празнувањето на крсната слава на Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј, соборниот храм „Света Троица“ во Врање, Србија, беше исполнет со духовна радост. Овој празник, кој посебно го нагласува значењето и исповедањето на верата и жртвената љубав кон Христа, свечено беше одбележен со света архијерејска Литургија.

На светата Литургија началствуваше домаќинот, Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј, во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован, Високопреосвештениот Митрополит Шумадиски г. Јован, Високопреосвештениот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Преосвештениот Епископ Делчевско-каменички г. Марко како и бројно свештенство и монаштво.

На Литургијата молитвено присутни беа повеќе архијереи: Високопреосвештениот Митрополит Браничевски г. Игнатиј и Високопреосвештениот Митрополит Нишки г. Арсениј од Српската православна црква. Вдахновена беседа искажа Високопреосвештениот Митрополит Крушевско-демирхисарски г. Јован.  По завршување на Литургијата, беше благословен и прережан славски колач, симболот на духовното заедништво и радост. Епископот домаќинот во оваа прилика не изостави, да изрази голема благодарност кон сите присутни за молитвената поддршка. Особено истакна дека ова собрание е од огромно значење за продлабочување на верата и меѓусебно поткрепа.

Прославата на празникот заврши со трпеза на љубовта, која послужи како одлична можност за братско дружење и размена на духовни поуки помеѓу верниците. Овој настан уште еднаш ја потврди важноста на православната традиција во зајакнување на заедницата и сведоштво за Христовата вечна љубов.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1ZkZkreKVo/ и https://www.eparhijavranjska.org/Newsview.asp?ID=3014